Кредитна линија од 5 милиони евра за малите бизниси

Bez autora
Apr 04 2012

Европската банка за обнова и развој и ПроКредит банка вчера потпишаа договор за кредитна линија во вредност од 5 милиони евра. Средствата ги обезбеди ЕБОР, а истите ќе се пласираат на микро, мали и средни претпријатија во Македонија преку ПроКредит банка. Средствата од кредитот ќе се искористат за капитални инвестиции и обртен капитал на локалните бизниси во руралните и урбаните области, во форма на долгорочни кредити во македонски денари. Оваа трансакција е првиот кредит на ЕБОР во македонски денари во земјата. Таа ќе го намали девизниот ризик за клиентите на ПроКредит банка и ќе ги охрабри другите комерцијални кредитори да продолжат да обезбедуваат финансиски средства на локалните бизниси во локална валута. Ни претставува задоволство да ја поддржиме ПроКредит банка Македонија и нејзината стратегија за пораст на кредитирањето на локалните приватни компании.

Кредитна линија од 5 милиони евра за малите бизнисиЕвропската банка за обнова и развој и ПроКредит банка вчера потпишаа договор за кредитна линија во вредност од 5 милиони евра.

Средствата ги обезбеди ЕБОР, а истите ќе се пласираат на микро, мали и средни претпријатија во Македонија преку ПроКредит банка.

Средствата од кредитот ќе се искористат за капитални инвестиции и обртен капитал на локалните бизниси во руралните и урбаните области, во форма на долгорочни кредити во македонски денари.

- Оваа трансакција е првиот кредит на ЕБОР во македонски денари во земјата. Таа ќе го намали девизниот ризик за клиентите на ПроКредит банка и ќе ги охрабри другите комерцијални кредитори да продолжат да обезбедуваат финансиски средства на локалните бизниси во локална валута. Ни претставува задоволство да ја поддржиме ПроКредит банка Македонија и нејзината стратегија за пораст на кредитирањето на локалните приватни компании - изјави Хенри Расел, директор за Западен Балкан, Хрватска, Белорусија и Молдавија, во Тимот за финансиски институции на ЕБОР.

Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка нагласи дека со оваа кредитна линија ќе обезбедат повеќе средства за кредитирање на развојот на бизнисите на клиентите.

- Единствено со повеќе средства, наменети за развој на реалниот сектор, придонесуваме за зголемена економска активност во државата - истакна Јолеска Поповска по вчерашното потпишување на договорот.

Досега, ЕБОР има инвестирано околу 950 милиони евра во македонската економија во проекти во корпоративниот и финансискиот сектор, како и во инфраструктурата и енергетиката. Средствата за ЕБОР привлекоа дополнителни инвестиции од други извори во вредност од една милијарда евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik